Aco-z-2020

АCO – ПОРТУГАЛИЈА

АCO е португалски бренд основан во 1975г. од Арминдо Коста.Опстојува 44 години и е лидер во Португалија за производство на удобни чевли. Надворешната промоција е главен приоритет за португалската индустрија на чевли која има извоз повеќе од 95% од нејзиното производство. Фирмата ACO нуди широк спектар на удобни ортопедски и анатомски обувки за жени. Произведуваат разни видови обувки на сандали, чевли и чизми. Обувките се со различни бои и дезени.Посебно внимание е посветено на влошката која е секогаш кожна, ортопедска и е наменета за долго пешачење и долго стоење.Чевлите се со широк калап прилагоден за широко стапало.Новитет им се сандалите за помлада популација кои се со привлечни бои и дезени. Сите обувки се изработени од природна кожа (велур, нубок и глатка кожа). Внатрешниот дел е претежно од кожа само кај чизмите има топла постава изработена од текстил.Ѓонот најчесто е изработен од гума и е исклучително флексибилен и мек. Одржувањето на обувките од велур и нубок е со четка и спреј соодветно на бојата а со крема и сунгер се одржува глатката кожа.

Showing all 10 results