Back to school - до 40 % попуст на детска колекција!



Новата учебна година е на самиот праг! Време е вашите деца да зачекорат самоуверено во новите возбудливи авантури.

Како една од многуте грижи на родителите додека растат нивните деца, дефинитивно е изборот на соодветни обувки, во кои правилно ќе им се развива ногата. Секој родител посакува неговото дете да го открие и освои светот што е можно побезбедно и попријатно. Затоа, при избор на обувки за најмалите секогаш на прво место треба да ви биде квалитетот, удобноста, материјалот од кој се изработени и каков ѓон имаат. Наша примарна грижа е благосостојбата на нозете на децата, а тоа единствено може да се постигне со обувки кои овозможуваат здрав и правилен развој на стапалата. Веруваме во тоа дека секое дете заслужува смело да зачекори со насмевка и удобни обувки!

Издвојуваме 3 топ брендови за детски обувки кои може да ги најдете во продавниците на ПЕКО и на нашиот веб сајт. Најдете го омилениот модел на вашето дете и искористете го Back to school попустот до 40%.



Зачекори УДОБНО со CICIBAN

Брендот CICIBAN, поставува висок стандард за најквалитетни детски обувки кои овозможуваат здрав и правилен развој на стапалата на децата. Овие обувки се совршен моден додаток за едноставен, а сепак трендовски изглед. Изработени се од внимателно избрани материјали и се одликуваат со живи бои и мали, но сепак впечатливи детали. Целата колекција на Ciciban може да ја разгледате тука.






Зачекори СПОРТСКИ со PUMA

Доколку вашето дете повеќе сака спортски обувки, Puma е правилниот избор. Изработени се од супер-меки материјали и карактеристичен е нивниот издржлив дизајн. Со овие обувки потполно се доловува урбан, лежерен и кул стил на вашето дете, а тоа со нетрпение ќе чека да смисли нови комбинации со неговите нови Puma обувки. Целата PUMA колекција може да ја видите тука.



Зачекори ФРАЕРСКИ со SKECHERS

Свесни сме дека освен удобноста и квалитетните материјали, дизајнот и следењето на модата исто така играат важна улога при изборот на детски обувки. Обувките од брендот SKECHERS имаат впечатлив изглед и едноставен дизајн со совршени мали детали, а големиот интересен ѓон е одличен додаток на сето тоа. Интересната мешавина на бои поттикнува на храбри и креативни комбинации. Затоа за типски и фраерски изглед, погледнете ја детската колекција на Skechers обувките тука.

За почетокот на новата учебна година и новите авантури, искористете го Back to School попустот до 40%. А тимот на PEKO му посакува на вашето дете среќен и успешен почеток, и храбро чекорење кон новите предизвици!

Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба

Оваа веб продавница користи колачиња

peko.com.mk користи т.н. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на т.н. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.