Пролетни обувки за храбри детски чекори



Како што деновите стануваат подолги и цвеќиња расцветуваат насекаде, надвор веќе го чуствуваме детскиот џагор. За најмалите да уживаат најмногу што можат во убавините што ги носи оваа пролет, потребни се правилни обувки на ногата.

Нозете на децата можеби се мали, но нивните потреби воопшто не се такви, особено кога станува збор за наоѓање на најдобрите пролетни обувки за нив. Доколку сакате обувките на детето да бидат издржливи, да можат слободно да трчаат во паркот и да ги практикуваат нивните омилени спортови надвор, потребно е да се избере најдобрата опција за детски обувки.

Како најдобро да изберете кои се правилните обувки за вашето дете?

● Пространи

Стапалата на детето растат многу брзо, па затоа мора да изберете чевли што се доволно големи. На овој начин обувките не го притискаат предниот дел на стапалото, бидејќи стапалата на децата обично се пошироки.

● Флексибилни

Флексибилен ѓон, добра флексибилност над зглобовите на прстите и мек горен дел од обувките се неопходни за добар чевел. Природните материјали овозможуваат подобра вентилација на чевелот и обезбедуваат поголема удобност.

Детските обувки во PEKO, обезбедуваат соодветна флексибилност, заштита, удобност и стабилност на стапалата на вашето дете.

За детето слободно да може да ги практикува сите активности надвор, не постои подобар избор од детските патики на PEKO.

Детските патики ги штитат стапала на детето од повреди и студ. Правилниот избор на обувки е клучен без разлика на возраста, бидејќи им овозможува на стапалата природно да се развиваат и придонесуваат за благосостојба на целото тело.

Во продолжение издвојуваме 2 брендови на патики за кои сме сигурни дека вашето дете ќе ги обожава.

Skechers

Бренд кој е познат по својата удобност поради својата мемори пена. Ѓонот од мемори пена овозможува лесни и слободни чекори во текот на целиот ден. Токму она што му е потребно на вашето дете за да ужива во топлите денови кои се пред нас. Skechers нудат повеќе стилови на патики, од спортски до тренди, па така детето нема да има проблем при избор на патики.

Пронајдете го омилениот модел на вашето дете во продавниците на PEKO и на нашиот веб сајт .

Ciciban

Цицибан обувките се идеални за сите детски активности дома, во градинка или на училиште. Удобните и меки чевли се направени од природни материјали и веднаш се препознаваат поради нивните колоритни дезени. Нивната внатрешна структура овозможува вентилација, додека ѓонот отпорен на лизгање гарантира удобен и лесен чекор. Широкиот избор на модели на Ciciban овозможува секој чекор на вашето дете да биде здрав чекор кон нови авантури.

Обувките Ciciban се направени од природна кожа, обработени со еколошки методи и обоени со природни бои на база на вода. За да се одржи оригиналниот квалитет на употребените материјали и оригиналниот изглед на обувките, потребна е правилна и внимателна нега со употреба на соодветни производи за нега на чевли и нивна правилна примена.

Пронајдете го омилениот модел на вашето дете во продавниците на PEKO и на нашиот веб сајт.

Секое дете има уникатен развој на стапалата, и поради таа причина многу е важен изборот на правилни обувки. За храбри чекори кон нови авантури.

Посетете нѐ во PEKO или на нашата веб страна, и одберете го омилениот модел на патики за вашето дете за оваа пролет.

Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба