Правила за процесот на регистрација и користење на услугите на веб страната на Пеко
Правила за процесот на регистрација
За купување на нашата веб страница не мора да бидете претходно регистрирани на нашата страна, но со креирање на корисничка сметка може да имате подобрено корисничко искуство. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци односно, име и презиме и Вашата е-маил адреса. Опционални полиња се полињата за правно лице, односно фирма и ЕДБ. За креирање на корисничка сметка, корисникот мора да даде своја согласност дека ја прочитал политиката за приватност на Пеко . Со финализирањето на процесот на креација на корисничка сметка, Пеко ќе Ви испрати меил со линк за потврда на корисничката сметка. Со кликнување на линкот, пребарувачот ве префрла на веб страната на Пеко, и вашата корисничка сметка е креирана.
На почеток на веб страната на Пеко се наоѓа мени каде што корисникот може да одбере повеќе опции. На веб страната на Пеко има повеќе табови со различни категории. Со избор на табот за производи за мажи, жени или деца ќе се отвори страна со набројани производи. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа во горниот десен агол на секоја страна. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, категоријата и сл. при преглед на производите кои се достапни за купување, ќе приметите од десна страна од производот поле “Стави во кошница“. Со кликнување на тоа поле ќе ви се отвори известување кое ви дава можност да продолжите кон наплата или да продолжите со купување. Со кликнување на полето „Продолжи со наплата“ пребарувачот ќе ве однесе до табот за наплата. Со кликнување на „Стави во кошница“ на истиот продукт, тој повторно ќе биде ставен во вашата Шопинг Картичка.
Лозинка
За креирање на корисничка сметка задолжително треба да внесете сигурносна лозинка. Лозинката е по избор на корисникот и нема посебни барања за должината односно содржината на лозинката. Со цел заштита на Вашите личните лични податоци Пеко препорачува да користите силна лозинка, односно Вашата лозинка да е од најмалку 8 алфанумерички знаци од кои една голема буква и еден посебен симбол.
Вие можете да ја промените Вашата лозинка. За да ја промените лозинката, при регистрирање по запишување на Вашиот меил, притиснете на опцијата „ Ја заборави лозинката “, која што ќе Ве однесе во нов прозорец каде што ќе треба да ја запишете Вашата електронска адреса. Пеко повторно ќе Ви испрати линк на Вашата елеткронска адреса, каде што со кликање на линкот ќе можете да ја промените Вашата лозинка.
Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого, и да не користите иста лозинка за повеќе кориснички сметки. Споделувањето на вашата лозинка ја зголемува шансата да бидете жртва на кражба на идентитет.
Запомнете дека секоја трансакција што ја правите, секоја страница што ја посетувате на Интернет остава траги. Овие „електронски траги“ може да се користат, без ваше знаење, за да се изгради профил за тоа каква личност сте и вашите интереси. Ако не сакате да бидете профилирани, вие сте охрабрени да ги користат најновите технички средства кои вклучуваат можност да бидете информирани секогаш кога оставате траги и да ги отфрлите таквите траги. Можете исто така да побарате дополнителни информации за политиката за приватност на Пеко , како и кои се вашите права и како можете да ги остварите
Права на субјектот на лични податоци
Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:
Назив: Друштво за трговија на големо и мало експорт-импорт ПЕКО ДОО Скопје
e-mail: pekoskopje@t.mk
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:
Име и презиме: Елена Ангеловска
e-mail: pekomakedonija@gmail.com
Вашите права
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
- да се информирате од Пеко околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
- да побарате од Пеко да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање;
- да побарате од Пеко да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат;
- да побарате од Пеко да ги избрише Вашите лични податоци;
- да поднесете барање до Пеко со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци
- да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.