Информации за приватност на субјектот на лични податоци


Со овој документ, ние како Контролор на лични податоци – Друштво за трговија на гоелмо и мало експорт-импорт ПЕКО ДОО Скопје (во понатамошен текст Пеко), со седиште: Кеј 13-ти Ноември бр. ГТЦ 2/7 Скопје, Центар , со електроснка пошта pekoskopje@t.mk – овозможуваме информации за обработката на личните податоци и Вашите права поврзани со оваа обработка

Нашата визија за заштита на личните податоци:

Политиката за приватност е објавена на нашата интернет страна: https://peko.com.mk/mk/content/2-politika-za-zashtita-na-lichnite-podatoci

Пеко посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, кои се подетално разработени во интерните Политики и процедури кои го сочинуваат системот на заштита на лични податоци на Пеко

Цел, опис и категории на лични податоци кои се предмет на обработка:

  • Пријави за вработување : име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.
  • Вработување : име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт - Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.
  • Кога нарачувате продукти од веб страната на пеко: назив на физичко лице, име, презиме, фирма (опционално), ЕДБ (опционално), адреса, поштенски код, град, земја, телефон, коментар за нарачката и метод на плаќање (во готово или кредитна картичка)- Правен основ за обработување на овие податоци е постоење на легитимен интерес на компанијата и остварување на права на субјектот.
  • Регистрирање за нашиот билтен: Вашата е-пошта. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност
  • Контактирање преку контакт формата на нашата веб страна: е-пошта, и порака. Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност
  • Користење на нашата веб страна (системски логови): времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација, внатрешна резолуција на прозорецот на пребарување, активирање на JavaScript, Java вклучено/исклучено, колачиња вклучени/исклучени, длабочина на боја, Референтен URL, кликнувања - Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната (прифаќање на задолжителните колачиња).

Опис на целта на обработувањето:

Обработката на Вашите лични податоци Пеко ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите интерно пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, а кои се дел од интерниот систем за заштита на лични податоци.

Компанијата може да собира и обработува лични податоци за следниве цели:

  • Остварување на права и обврски од работен однос или друг договорен однос
  • Остварување на право на аплицирање на оглас за вработување и понатамошна обработка на вашата биографија и пропратни документи
  • Остварување на правата при користење на услугите и производите на Пеко
  • Прием и одговор на ваши барања испратени по маил или преку контакт делот на нашата веб страна
  • Доставување на нарачаниот продукт на веб страната на Пеко

· Испраќање на билтен на новости

Правен основ за обработка на вашите лични податоци:

  • Исполнување на законска обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените).
  • Исполнување на договорна обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти.
  • Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација

Изјава за согласност - Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.

Што е електронско известување :

Електронско известување е секое правно обврзувачко известување кое произлегува од облигациониот однос помеѓу корисникот и нашата компанија, за кое корисникот дал согласност да се проследи по електронски пат , како замена за известувањето по пошта

Што е директен маркетинг :

Секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификуван корисник.

Права на Корисниците- субјекти на лични податоци

Субјектите на личните податоци имаат право да:

- бидат информирани за обработката на нивните лични податоци

- да пристапат до нивните лични податоци и

- да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци.

Во продолжение, следува детално појаснување во однос на овие права:

- Во фукнција на транспарентност, Пеко има обврска да го извести корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите лични податоци

- Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци

Барањето за пристап до податоците се доставува до писмена форма до некој од продавниците на Пеко, седиштето на Пеко или се пополнува на на некој од дигиталните канали на Пеко.

Пеко е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на примеот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Доколку коринсикот не добие одогвор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.

Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци.

По барање на корисникот, Пеко е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникоот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку Пеко утврди дека личните податоци се нецелосно, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише.

Пеко е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените промени.

Рок на чување на вашите лични податоци :

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Дадените согласности од страна на субјекот се чуваат 6 години или до повлекување на согласноста од страна на субјектот.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

Категории на обработувачи на кои би можеле да пренесеме лични податоци:

  • Друштва за осигурување – со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
  • Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15, Скопје 1000) , со цел редовна комуникација со Секторот за заштита на потрошувачите
  • Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје) , со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
  • Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу потрошувачи и Пеко и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на Пеко
  • Организација на потрошувачи на Македонија, во рамките на Министерството за економија(со седиште: ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А,) , со цел редовна комуникација, но најчесто информациите кои се споделуваат не се персонализирани
  • Министерство за внатрешни работи , (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
  • Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
  • Нотари, извршители или адвокати , во случаи на потреба од правна помош
  • Државен санитарен и здравствен иснспекторат (со седиште Михаил Зонков бб-Скопје) , со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
  • Носители на јавни овластувања , Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата

Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Извори на лични податоци :

Ние ги добиваме личните податоци директно од Вас преку нарачување на некои од продуктите кои ги нудиме, или доколку ни дадете согласност за вршење на директен маркетинг или електронско изветување. Доколку ги добиеме личните податоци од друг контролор или од државен орган навремено и соодветно ќе бидете известени.

Автоматско одлучување врз основа на личните податоци:

При обработка на личните податоци не се случува автоматско одлучување.

Кои се Вашите права ?

Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост), упатете барање на електронската адреса на офицерот за зашитта на личните податоци: pekoskopje@t.mk

Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекшување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.

Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба