Политика за заштита на личните податоци

Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци генерирани на оваа страна. Со политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страната peko.com.mk. Објавите во политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страна со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страна е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Прибирање на информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: име, презиме, адреса, адреса за достава, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се достави направената нарачка до крајниот корисник. Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, как на пример да Ве додадеме на нашата база за промотивни цели. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Податоци за плаќање

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме - Стопанска банка која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

Информации за политиката за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, испратете ни порака на електронската адреса: order@peko.mk

Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци тие ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци.

Заштита на Вашата сметка

Вашата лозинка е клучот од Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет за најава во системот. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нè и направете промена на лозинката.

„Колачиња“/Технологија на следење

Оваа веб страна може да употребува „колачиња“ (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. „Колачињата“ и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страната, и употреба на истата од страна на посетителите. „Колачињата“ исто така придонесуваат кон подобрување на веб страната и негово прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку „колачиња “.

Давање на лични податоци на користење

Само врз законска основа, Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:

  • Дозвола побарана со Закон;
  • Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција;
  • Истрага на измама која веќе се случила.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземаат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба

Оваа веб продавница користи колачиња

peko.com.mk користи т.н. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на т.н. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.