Услови и правила за продажба

Го задржуваме правото за промена на објавените цени, во согласност со политиката на друштвото, без претходно известување за корисниците. Промените на цените ќе важат за сите нарачки направени по стапувањето во сила на новите цени.
Сите потврдени нарачки пред стапувањето во сила на новите цени ќе се извршат според цените кои биле во важност во времето кога се направени нарачките. Потрошувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката.
Количините на производите се ограничени. Пеко го задржува правото да одбие нарачка на производи чии количини се исцрпени.
При евентуални технички проблеми со интернет страната, Пеко има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обештетување, освен враќање на уплатените средства од страна на Потрошувачот.

ИСПОРАКА И ДОСТАВА

Цената за испорака на нарачка, во вредност над 2.000 ден., направена во редовната продавница е бесплатна. Во спротивно, цената за достава изнесува 130 ден.
Цената за испорака на нарачка, направена во outlet продавница се движи од 130 ден. до 250 ден., во зависност од вредноста на нарачката.
Цената за испорака во Косово изнесува 246 денари.
Цената за испорака во Албанија изнесува 308 денари.
Доколку трошокот за испорака е на сметка на купувачот, трошокот за достава се плаќа на курирната служба, при самата достава.
Испораката и доставата се ограничени само на територијата на Р. Северна Македонија.
Вашата нарачка ќе ви биде доставена во рок од максимум 5 работни дена од моментот на примање на првата потврда (дека Вашата порачка е примена од страна на peko.com.mk).

ОБВРЗУВАЧКИ ПОТПИС НА КУПУВАЧОТ

Кога курирната службата ќе ви ја достави нарачката, задолжително е да Ви побара Ваш потпис. Доколку карго службата не Ве добие на впишаната адреса, или пак на телефонскиот број за контакт, по неколку неуспешни обиди, нарачката ќе биде сторнирана.
За сите прашања поврзани во врска со испораката или можни проблеми со истата можете директно да не контактирате на нашата е-пошта: order@peko.mk или контакт телефон: +389 02 3163 740.

ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ

Ве молиме имајте во предвид дека доколку нарачката е направена во период на државен празник и неработни денови утврдени со закон на Р. Северна Македонија, peko.com.mk го задржува правото на пролонгирање на денот за достава.

ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИ

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да не контактирате на order@peko.mk

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ВРАЌАЊЕ

Потрошувачот има право да го врати нарачаниот/купениот производ согласно тука наведените услови и правила.
Секој корисник е должен при превземање на производот/ите, да ги провери заради евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку доставениот производ е оштетен или одреден производ недостасува од нарачката, Потрошувачот е должен веднаш да не информира на броевите за Подршка на корисници или на електронската адреса, заради замена на оштетениот производ/и или достава на производите кои недостасуваат, во спротивно го губи правото подоцна да истакне рекламација за доставениот производ. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на Потрошувачот.

Процедурата која треба да се вратат производите е следна:

• Се најавувате на вашиот профил на сајтот www.peko.com.mk.

• Во делот на корисничката сметка, го отварате делот „Историја на нарачки и детали“.

• За соодветната претходно направена нарачка, потребно е да одите во во делот „Детали“.

• Потребно е да извршите селекција на производите за кои сакате да направите враќање.

• Во полето „Враќање на производ“, потребно е да наведете објаснување за враќањето.

• Потоа потребно е да кликнете на копчето „Побарај враќање“.

• Во делот на корисничката сметка, во делот „Производи за враќање“ ќе можете да вршите проверка за статусот за производите за враќање. Поради одредени причини, може статусот за враќање на производ/и од нарачката да биде „Враќањето е одбиено“.  Кога за соодветната нарачка за која сакате да извршите враќање на производ/и добиете статус „Чекање на пакет“, ќе ви се прикаже и образец за враќање кој ќе треба да го испечатите и испратите заедно пакетот. 

• Штом пакетот биде испратен и добиен во некое од нашите продажни места, статусот за враќање на производот ќе биде „Добиен пакет“, а потоа во „Враќањето заврши“.

1. Доколку Потрошувачот ја откаже својата нарачка по добивањето на известувањето за потврда на нарачката, а истата е подигната од курирната служба за испорака, на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија и трошокот за карго.
2. Во случај на неиспорака на потврдена и платена нарачка од причини кои можат да се стават на товар на Потрошувачот (неточна/нецелосна адреса, неточен телефонски број за контакт), се обврзуваме да ги вратиме средства во рок од максимум 30 дена, од денот на утврдување на неможноста за испорака, намален за износот на банкарската провизија, а доколку бил направен обид за достава намален и за трошоците за доставата.
3. Доколку Потрошувачот направи нарачка телефонски преку нашиот контакт центар или на некоја социјална мрежа исто така автоматски ги прифаќа правилата на користење/враќање кои се наведени на нашиот веб сајт (процедура за враќање).
Пеко го задржува правото на измена и дополнување на Условите и правилата за враќање, без обврска за претходно известување на корисниците за евентуалните промени.

ПОТРОШУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба

Оваа веб продавница користи колачиња

peko.com.mk користи т.н. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на т.н. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.