Обувки со заштитна мембрана – зошто ни се потребни за претстоечката сезона?





Непропустливи, топли и удобни обувки се она што на секого од нас му е потребно за време на студено, врнежливо и ветровито време.

Зошто зашитната мембрана е толку важна, која е нејзината улога во самиот чевел?

Замислете дека вашите алишта се мокри од дожд, знаете ли зошто не се чувствувате топло? Водените материјали ја спроведуваат топлината до 3 пати побрзо за разлика од сувите материјали, намалувајќи ја топлината на телото. Преку заштитините мембрани се овозможува непропустливост на вода со што се оневозможува загубата на топлина од обувките и притоа овозможуваат чувство на удобност дури и за време на временски непогоди.

Дали се случило нозете да ви бидат студени кога дува ветер? Често материјали како микрофибер се сметаат за непропустливи на ветер, меѓутоа кога и да задува ветарот пенетрира низ ваквите материјали и може да направи да се чувствувате непријатно и да ви е ладно.

Во технички услови, еден материјал може да се смета како непропустлив на ветар доколку неговата отпорност на ветар е 1.0 cfm ( по волумен на ветар кој поминува низ квадратен метар на материјал за период од една минута или помалку од една минута.

Дали знаете што значат ознаките  Gore-Tex, AIR-TEX, ImacTex на дел од обувките од продавниците на Peko?

Gore-Tex е водоотпорна, фабричка мембрана, регистрирана како заштитен бренд  (патент) на W. L. Gore and Associates. Gore- Tex мембраната креирана е во далечната 1969 и ден-денес постои како успешен бренд затоа што е единствен производ на пазарот кој ја користи оваа технологија за спречување на навлегувањето на вода во самите обувки  и притоа пропуштајќи ја водената пареа низ нив. Оваа патентирана мембрана е дизајнирана од лесен непропустлив материјал кој е одличен за било која сезона.

Основната компонента на оваа мембрана е растегливиот материјал polytetrafluoroethylene (PTFE), кој веруваме дека веќе го познавате подобро како брендот Teflon. Заштитната мембрана Gore Tex има повеќе од 9 милијардипори на квадратен инч или 1,4 милијарди пори на квадратен cm. Секоја од порите е во просек има големина од 1/20,000 од големината на водена капка правејќи ја мембраната непропустлива за водени капки а во исто време пропустлива за молекулите на пареа. Оваа мембрана обезбедува удобност и комфор и при различни екстремни временски услови. Се одликува со висока водоотпорност, нуди заштита од ветар и и овозможува на ногата да дише.

Ова  е посебен тип на патентирана мембрана која обезбедува да се сошие специјална заштитна мембрана која им обезбедува на стапалата да дишат, оневозможува појава на влагата да навлезе во внатрешноста на мембраната креирајќи идеална микроклима во внатрешноста на чевелот обезбедувајќи им максимален комфорт на стапалата.

Овој тип на мембрана е значајна иновациска надградба на PLANIKA TREKKING обувките.

AIR-TEX мембраната е полиуретанска мембрана (PU) мембрана која го спречува навлегувањето на вода во обувките и во исто време обезбедува непропустливост на воздух.

Доколку ви е потребна екстра заштита оваа сезона ви ги препорачуваме моделите на PLANIKA, ARA (MEN), LEGERO, IMAC кои надполнети се со овие одлични заштитни мембрани.

Моделите можете да ги пронајдете во сите продавници на Peko. 

Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба