За нас

Друштвото ПЕКО ДОО Скопје кое е дел од групацијата ПЕКО, на македонскиот пазар опстојува од 1992 год. и за целиот тој период покажува позитивни финансиски резултати. На основа на официјалните податоци од државните институции, ПЕКО ДОО Скојпе од 1998 па се до 2007 год. се наоѓаше меѓу 200-те најуспешни компании во Македонија, која во вкупниот приход на ниво на гранка учествува со 15%.
Со цел да ги задоволи потребите на своите потрошувачи, ПЕКО ДОО Скопје е застапник на повеќе брендови меѓу кои и познатите: Ciciban, Planika, Paar, Imac, Nicola Benson, Stefano, Fly flot, Ara, Gabor, Zen, Alpina, Clarks, Obuca Marko, Urban fly, Walker flex, Atrai, Alberola, Girza, Legero, Fantasy, Mubb, итн.
Исто така во нашата понуда можете да ги пронајдете и моделите на познатите брендови како што се: Bugatti, Bueno, Puma, Pierre Cardin, Reebok, Skechers, Rider, итн.
Мотото за успех на оваа компанија е неговата визија за инвестирање во своите вработени и нивната постојана едукација.

Историјат

ПЕКО ДД Тржич е една од водечките компании од чевларската индустрија како во Словенија така и во останатите бивши Југословенски простори и Европа. ПЕКО ДД Тржич го има формирано познатиот словенски трговец и производител Петар Козина и тоа на 25-ти март 1903 година. Во знак на благодарност и сеќавање ПЕКО ги користи првите две букви од неговото име и презиме. Оваа компанија е познат производител на квалитетни и елегантни обувки, а денес своите производи ги пласира во Македонија, Хрватска, Србија и пошироко во Европа. Покрај производството, првиот сопственик на ПЕКО ја отвара и првата продавница во Љубљана во 1921 година, во Белград и Загреб во 1925 година, а во Скопје во 1950 год.
Во своите најдобри времиња во ПЕКО бележи околу 5000 вработени, производство на 4.000.000 пара обувки од кои 60% биле наменети за извоз.
По распадот на поранешна Југославија, ПЕКО ДД Тржич во Македонија формира посебно друштво со цел своите производи да ги пласира на македонскиот пазар.

Податоци за нашата компанија

Назив: Друштво за трговија на големо и мало експорт-импорт ПЕКО ДОО Скопје
Адреса: ГТЦ Кеј 13ти Ноември 2/7, Скопје, Република Северна Македонија
Контакт телефон: 02/3163-740
Веб страна: www.peko.com.mk
Email: pekoskopje@t.mk
Дејност: Трговија на мало со обувки и предмети од кожа во специјализирани продавници
Даночен број: MK4030992259800

Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба