
Навистина нема поубаво чувство од тоа кога знаеме дека летото пристигна и е тука. Блесокот на сонцето, мирисот на жештината и одблесокот на сончевите зраци во водата се само мал дел од причините поради кои сите го сакаме летото.
Една од омилените работи во лето е лежерниот стајлинг во комбинација со миризлива песочна плажа. Ако има еден стил на обувки што ни треба на сите штом ќе се разгори времето, тоа се сандалите. Сандалите се совршен избор за долгите топли денови, затоа што им помагаат на стапалата да се чувствуваат удобно и што е најважно изгледаат супер стилски.
Постојат многу интересни и неверојатни стилови на сандали од кои може да изберете. Ние сме тука да ви помогнеме да одлучите кој стил е совшен избор за вас и како истите да ги искомбинирате додека сте на летен одмор.
Сите сандали од летната колекција на Пеко може да ги видите тука, или во нашите продавници.
Изборот е бесконечен кога станува збор за избор на пар сандали, со толку многу различни дизајни, бои и текстури што ќе ве разгалат. Рамни, со плута, на високи потпетици, се е дозволено ова лето.
Како да ги изберете идеалните сандали за вашиот летен одмор?
з
За дневни лежерни комбинации на одмор
Жените ги обожаваат летните фустанчиња во неутрални нијанси, па затоа најчесто таа комбинација ја гледаме на плажа. За да се комплетира овој изглед, потребни се впечатливи сандали. Кога станува збор за какви сандали ќе изберете додека се упатувате кон песочната плажа, главно нешто на кое треба да се фокусирате е тоа истите да бидат лесни, удобни и практични. Кога се боите во прашање, и тука останува трендот на интензивни бои, но секако не одминливи се и сандалите во бела, црна боја како и металик нијансите.
Во продолжение издвојуваме неколку модели од летната колекција на Пеко, кои совршено ќе ја надополнат вашата летна комбинација.
За вечерни тренди комбинации на одмор
Ноќите во лето носат посебна магична енергија со нив. Никој не може да остане рамнодушен на ноќниот летен воздух, особено кога сме на одмор.
Сите се чувствуваме возбудено каква комбинација да носиме за вечерното излегување, без разлика дали станува за прошетка покрај плажа, вечера во таверна или пак забава во ноќен клуб.
Во продолжение издвојуваме неколку модели од летната колекција на Пеко, за прекрасни летни вечерни комбинации.
Зошто сандалите се подобри за вашите стапала од чевлите во лето?
Кога температурите стануваат навистина високи, многу е погрешно стапалата да ги затворите во чевли, наместо да ги ослободите. Сандалите им овозможуваат на стапалата да дишат, со тоа што се лесни и удобни.
Со оглед на тоа што многу од нив се отворени, не мора да се грижите дали вашите стапала прекумерно ќе се загреат.
Носењето сандали помага во држењето на стапалото и добрата рамнотежа.
Се надеваме го пронајдовте вашиот совршен пар на сандали, кои ќе ги одржуваат вашите стапала удобни и лесни ова лето. Затоа не губете време, набавете ги веднаш и уживајте во летото кое е пред нас.
Целата летна колекција може да ја пронајдете во ПЕКО продавниците, или да нарачате преку нашата веб страна.