Топ 15 модели за сезона есен-зима!



Есента е веќе тука, а полека се насетува и зимата. Сите уживаме во овој прекрасен период за прошетки во потопла облека и топли обувки. Пикник во најблискиот парк по шушкавите лисја звучи идеално, па ајде да не размислуваме на последиците од студот во нозете. Жолтото класје и тоа како е предизвикувачко за да ги клоцнете златните лисја, без размислување дали ќе ги намокрите нозете!

Почнувајќи од нашите најмали, несоодветна обувка би можела да предизвика големи проблеми во процесот на развој на нежната детска нога. Процесот на развој на детето е многу осетлив период, па затоа изборот на правилни обувки е многу важен фактор. А кога на удобност ќе додадеме колоритни, светкави и интересни дизајни, вашето дете несомнено веднаш ќе се вљуби во своите обувки.

Детската линија обувки во Пеко ни донесе многу насмевки кај најмалите, а веруваме дека и вашите најмили си го најдат омиленото парче на прв поглед. Ви го издвоивме овој пресладок модел, а целата детска линија за оваа есен може да ја погледнете тука





Дали удобноста е најважна?



Општо познато е дека удобноста е број еден на секој човек, па зошто да не и оваа сезона? Особено кога исклучителна удобност е комбинирана со последната мода на улиците, е тогаш можеме да уживаме во целост. А тоа е нешто кое сите го бараме кај еден пар обувки.
We can say for sure that you will find your favorite pair of warm footwear in which you will enjoy this winter and many other.

Удобностa e комфорт зона, релаксираност, опуштеност, мекост, радост, топлина, точност, правилност. Па затоа, број еден приоритет како и секогаш кога ја подготвуваме новата есен-зима колекција, ни беше комфорот. Сигурни сме дека ќе го пронајдете вашиот омилен пар топли обувки во кои ќе уживате оваа студена сезона, а и многу наредни.







Денес издвојуваме 15 модели, совршени за сезоните кои следуваат. Со моделите на Пеко и широкиот спектар на брендови, може да се задоволи секој вкус а и секоја прилика. Меката кожа, фино обработените материјали и топлите подлоги се она што се бара од еден пар обувки. Со ваквите материјали вашето стапало ќе биде спремно за нови предизвици. Новите модели на Regarde Le Ciel, Skechers, Gioseppo, Paar и уште многу други се погрижија за беспрекорно чекорење оваа есен.





Тука се и комбинациите за вечерни излегувања на убави настани и свечености во лежерен стил. Можеби некое топло чоколадо или чај, па со нашите модели ќе се чувствувате топло и самоуверено. Размислувањата дали ќе ви биде ладно на стапалата за време на вечерните излагања нема да се пречка и за подолга прошетка. Работните денови пак, нека поминат брзо и лесно! А со удобен чекор и светот ќе изгледа подобар. Зошто да се мислиме за врнежливите и снежни денови со новата колекција на Пеко?







Новата есен-зима колекција е достапна во продавниците на Пеко и онлајн. Посетете нѐ во некој од нашите продажни салони или нарачајте онлајн на нашата веб страна и откријте го вашиот омилен модел на чевли за престојната студена сезона.



Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба