За да го сочуваме квалитетниот материјал од кои што се изработени чевлите , потребно е редовно да ги негувате со соодветна козметика. Покрај чистото одржување на чевлите, потребно е и истите правилно да се собуваат и обуваат како не би се оштетиле и не би ја изгубиле формата.
Чевли изработени од кожа
Овој тип на чевли се чистат со четка со меки влакна или пак крпа. Со четка се нанесува малку крема за полирање, која по нанесувањето се остава истата да се впие во кожата. По сушењето потребно е чевлите да се исчеткаат.
Чевли изработени од превртена кожа (велур)
Чевлите треба секогаш да бидат суви пред да се чистат. Сувите чевлите најпрвин се чистат со четка наменета за превртена кожа, а за потврдокорната нечистотија се користи гума за бришење. Како би ги заштитиле вашите чевли од дожд, препорачливо е користење на импрегнациски спеј. Потребно е чевлите да се импрегнираат пред првото користење и да се остават добро да се исушат пред носењето. Ви препорачуваме спрејот да го користите најмалку два пати неделно.
Чевли изработени од лак
Лакираната кожа мора да биде исчистена со крема за лакирана кожа, но најпрво потребно е да се избрише прашината со мека крпа. Кремата не смее да се нанесува со четка, како не би се оштетила кожата. По впивањето на кремата, исполирајте ги чевлите со мека крпа.
Спортски чевли
Најпрво потребно е да се четкаат додека се суви и со гумена четка да се отстрани нечистотијата. На криај се нанесува импрегациски спреј, како би ги заштитиле од влага.
Сушење на чевли
Сите чевли без ралика дали имаат или немаат заштитна мембрана од дожд, бараат заштита од дожд, снег, кал и други надворешни влијанија. За да ги заштитите своите чевли и како би имале подолг животен век, потребно е да се негуваат со соодветна козметичка крема или спеј. Кремата е исто така важна за одржувањето на еластичноста на кожата.
Потребно е да се обрне внимание при сушењето на чевлите. Задолжително е да се сушат на собна температура и не смеат да се изложуваат на директен извор на вискока температура (пр.радијатор, печка, шпорет, греалка, итн). Исто така влажните чевли не смејат да се сушат на сонце, бидејќи може да изгубат својата боја. Препорачливо е да се стави помека харија (како на пример весник) со самите чевли /чизми како би се сочувале од влага и би се зачувала самата форма на истите.
За правилно обување на чевлите и зачувување на нивната форма, се препорачува користење на лажица за чевли. Во случај да немате лажица за обување на чевли , при обување на чевлите ставете прст кај задниот дел од чевлата (кај глуждот), па потоа стапалото. Немојте да го притискате работ на чевлите со стапалото, како не би го деформирале обликот кај петата.